Претходно се сугерираше дека Xiaomi Mi 9 Pro 5G и Mi Mix 4 5G би можеле да бидат објавени истовремено во текот на претстојната презентација. Xiaomi сега тоа и го потврди, а двата смартфона ќе бидат официјализирани на 24. септември во Кина.
Споменатата презентација ќе го засили 5G портфолиото на компанијата Xiaomi, со поголемо учество на кинескиот пазар кој е во експанзија. Само во текот на оваа недела се очекуваат уште два 5G телефона: Vivo NEX 3 5G и Huawei Mate 30 Pro 5G.
Покрај поддршката за 5G, за Mi 9 Pro е потврден и Mi Charge Turbo, кој поддржува до 30W безжично полнење. Mi Mix 4, од друга страна, ќе има закривен дисплеј со 2K резолуција и 1080p главна камера на задната страна.
Во текот на презентацијатa, Xiaomi официјално ќе го претстави и најновиот MIUI 11, како и Mi TV од следната генерација.