Facebook ја лансираше својата услуга за запознавање

Facebook го лансираше својот сервис за запознавање и во Соединетите Американски Држави, кои станаа 20. држава во која е достапна оваа функција.

Facebook Dating функционира како засебен таб во рамките на апликација Facebook, а потенцијалните “симпатии”, кои им се прикажуваат на корисниците не се нивните Facebook пријатели, туку другите корисници на мрежата.

Сервисот е дизајниран да се натпреварува со популарните апликации за запознавање како Tinder и Bumble. Корисниците можат да изразат интересирање и потенцијално совпаѓање со другите, така што ќе го лајкуваат нивниот профил или да ја коментираат, на пример, нивната фотографија. Исто така, можат и да ги видат профилите на луѓето кои за нив покажале интерес.