Уредот на преклоп кој ја дефинира својата категорија инспирира нови мобилни искуства со својот UX кој може да се уреди, мобилност и моќен мултитаскинг
Galaxy Fold беше дизајниран да инспирира нови искуства: Кога е затворен може да се пристапи до клучните работи на екранот од надворешната страна со само една рака, а додека е отворен може да се откријат нови начини за мултитаскинг, гледаат видеа, играат игри и многу повеќе, на Infinity Flex екранот од 7,3 инчи кој носи целосно внесување.
Низ минатите неколку месеци Samsung го рафинираше Galaxy Fold за да се осигури дека уредот го испорачува најдоброто можно искуство. Не само што се подобри дизајнот и градбата на Galaxy Fold, туку се оддели и време за повторно да го размисли целосното патешествие на корисникот.
„Уредот кој ја дефинира својата категорија, Galaxy Fold, им пркоси на ограничувањата на традиционалните смартфон дизајни. Сега сме возбудени што ја откриваме оваа пионерска мобилна технологија и што им овозможуваме на корисниците самите да го почувствуваат тоа,“ изјави DJ Koh, претседател и извршен директор на одделот за IT & Mobile Communications, Samsung Electronics. „Корисниците одговорија позитивно на поголемите екрани и револуционерната форма на Galaxy Fold нуди поголем, внесувачки екран без да ја жртвува својата преносливост. Ова е тоа што ние го викаме иновација на новото мобилно искуство во акција.“
Корисничко искуство кое е прво од својот вид
Galaxy Fold го комбинира омилениот смартфон на корисниците и способностите на таблет за да понуди нов вид на мобилни уреди и корисничко искуство кое е прво од својот вид – од новиот формат и материјали до уникатниот UX кој се преклопува, разноврсната камера и премиум перформансите. Samsung работеше заедно со своите партнери за да создаде целосно нов UX кој ќе го промени начинот на којшто ги користиме нашите мобилни уреди и целосно ќе ги искористи предностите на дизајнот на преклоп со својот преклоп и главен екран. Како резултат на тоа самиот уред отвора нови можности за своите корисници.
Galaxy Fold го трансформира начинот на којшто се фотографира, снима, споделува и уредува содржини од мобилен. Кога е затворен, можете да снимате видео за брзо време и на едноставен начин да го отворите уредот за да го гледате на поголем екран – со App Continuity самото видео беспрекорно се префрла од преклопниот екран на главниот екран. Со Multi-Active Window може да работат повеќе апликации во исто време и во реално време и со тоа ефективно да има мултитаскинг: Уредување на снимки, прегледување на фотографии низ галеријата и да се читаат електронски пораки од пријателите или колегите, сето тоа во исто време.
Со 5G опцијата корисниците на Galaxy Fold во одредени држави може целосно да ги искористат најголемите брзини на своите оператори. Galaxy Fold 5G ја користи целосната моќ на поврзаноста од наредната генерација за емитување и симнување на видеа и други содржини со висок квалитет, како и играње на игри со јака графика на супер-големи брзини. Со тоа што ни овозможува да завршиме повеќе со Infinity Flex екранот од 7,3 инчи, Galaxy Fold го менува начинот на којшто ги следиме содржините и го реализираме мултитаскингот.
Секој Galaxy Fold доаѓа со ексклузивен пристап до специјализирани услуги за грижа на корисниците – вклучувајќи еден-на-еден пристап до Samsung експерти и 24/7 онлајн центар за поддршка преку телефонот. Samsung ќе ги објасни своите планови во секоја држава за да го обезбеди тоа да секое искуство со Galaxy Fold е извонредно како и самиот уред.
За повеќе информации околу Galaxy Fold, ве молиме посетете ја news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/global/galaxy/galaxy-fold.