Acer ја освежи популарната Swift линија лаптопи (ВИДЕО

Во текот на IFA 2019 саемот, компанијата Acer ја освежи својата популарна линија Swift ултрапреносни лаптопи, кои сега ги имаат најновите Intel Core процесори од десеттата генерација и Windows 10.

Acer Swift 5 од 14 инчи е тежок само 990 грама и има нова дискретна Nvidia GeForce MX250 графичка картичка, а може да има уште помала тежина доколку корисникот одлучи да го задржи интегрираниот Intel Iris Pro GPU. Екранот содржи тенки рамки од три страни, со 86,4% screen-to-body однос. Лаптопот има USB 3.1 Type-C со поддршка за Thunderbolt 3. Тука се и dual-band Wi-Fi 6 (802.11ax) и поддршка за Windows Hello.

Swift 3 имплементира доста во своето 15.95 мм тенко куќиште, а ова го вклучува Intel Core i7-1065G7 од десетта генерација и опционална дискретна Nvidia GeForce MX250 графичка картичка. Тука е и до 512GB PCIe Gen 3×4 SSD, 16GB LPDDR4 RAM и dual-band Wi-Fi 6 поддршка. Батеријата на лаптопот трае до 12,5 часа и нуди опции за брзо полнење (за 30 минути полнење се овозможува до четири часа можност за репродукција на видео).