Facebook најави дека го укинува софтверот за препознавање на лицата на фотографиите поставени на ѕидовите на корисниците, кој автоматски им сугерира да ги “тагне”.
Наместо опцијата “сугестија за тагнување”, Facebook ќе воведе подесување за обележување на лица за различни потребни, а не само за тагнување.
Корисниците на Facebook ќе можат да ја вклучат или исклучат оваа опција, пренесува AP.
Оние кои ќе ја вклучат новата опција, ќе може да видат известување за препознавање на лица, а тука ќе има и копче за исклучување на опцијата.
Во Илиноис против Facebook е поднесена тужба поради опцијата “сугестија за тагнување”, а сојузниот апелационен суд одлучил дека процесот може да започне.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли