WhatsApp опцијата за снимање и испраќање гласовни пораки е воведена во 2013 година и се досега не е променето речиси ништо. Периодов експериментираат со снимање гласовни пораки без користење посебно копче.

Кога ќе почнете да снимате, WhatsApp ќе ви прикаже „лизгачко копче” со микрофон. По половина секунда, корсникот ќе може со прстот по екранот да лизне нагоре, за да го заврши снимањето. Корисникот ќе може и да ги пребарува претходните пораки додека разговара, доколку на пример, треба да се проверат податоците за кои станува збор.

Новата опција за снимање на разговорите ќе има и ограничувања. Додека таа е заклучена, нема да можете да се прегледуваат слики и видеа, како ни да се пишува. Исто така, нема да може да се преслушуваат претходните разговори, затоа што во моментот на ново снимање претходните разговир ќе бидат автоматски избришани. Засега не се знае кога новата опција ќе биде достапна, оти се уште е во фаза на тестирање, објави „Next Web“.