Веб апликацијата МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 отсто од ДДВ и бришење на фискални сметки што се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информира Управата за јавни приходи.
Од Управата посочуваат дека веб апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк, што е поставен на официјалната веб страната на УЈП https://mojddv.ujp.gov.mk/
Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/721