Екипажот на вселенското летало „Сојуз МС-13“ се премести од сервисниот модул „Ѕвезда“ на Меѓународната вселенска станица (МВС) на модулот „Поиск“, каде што вселенското летало „Сојуз МС-14“, кое носеше хуманоиден робот, не успеа да се прикачи во саботата, пренесува дописникот на ТАСС од Рускиот центар за контрола на летање.
Процесот на преместување, кој траеше 25 минути, го иЗведе рачно рускиот космонаут Александар Скварцов со помош на астронаутот на НАСА, Ендрју Морган, и астронаутот на Европската вселенска агенција, Лука Пармитано.
Потоа експертите за преместување ќе ја тестираат опремата за која се верува дека довела до откажување на прикачувањето.
Прикачувањето на вселенското летало „Сојуз МС-14“ на МВС беше прекинато во саботата наутро поради потенцијални проблеми со засилувач на сигналот на рандеву-системот на станицата „Курс“. Вториот обид за прикачување е закажан за утре наутро.