Технолошкиот визионер Елон Маск продолжува со своите предвидувања дека до 2060­ година
вештачката интелигенција ќе достигне такво ниво на развој со што ќе биде значително попаметна,
поефикасна и побрза отколку човечкиот мозок и ќе доминира во голем број на економски и
општествени области.

Според истражувањата од Оксфорд, компјутерите до 2024­ година ќе бидат многу подобри во
преведувањето, а до 2026­ дури и во пишувањето на училишните есеи. Во следните десет
години компјутерите подобро ќе возат камиони од луѓето, а до 2031­ година подобро ќе ја
продаваат стоката, при што многу луѓе ќе ги загубат своите работни места.

Ова истражување тврди дека во следните 120 години сите работи кои што денес ги работи човекот
ќе бидат целосно автоматизирани.

Овој факт за Илон Маск не претставува никаков проблем затоа што тој во човечкиот мозок веќе
планира да вгради компјутерски системи. Имено, Маск неодамна основаше компанија која што со
помош на компјутери се обидува да излечи болести како што се епилепсијата и депресијата,
пренесува “Fox News”.

Маск не е единствениот кој што смета дека напредокот на компјутерите е неизбежен. Научниците
тврдат дека се наоѓаме на работ на ново еволуциско поместување ­ и човекот каков што ние го
познаваме веројатно во иднина и нема да преживее