Програмерите на Google успеаја да создадат алатка за превод на знаковен јазик што може да се интегрира во паметен телефон. Решенија за превод на знаковни јазици постоеја и до сега, но тие бараа моќни компјутери. Методот создаден од Google преведува гестови во реално време на обичен паметен телефон.
Во процесот на развој, Google користеше 30.000 слики со различни раце на различни позиции. Перцепцијата за гестови на рацете во реално време е тешка задача, бидејќи тие се движат доста брзо. Затоа, истражувачите се потпираа на технологија за вештачка интелигенција.
За да се поедностави задачата за АИ и да се намали количината на потребните податоци, програмерите идентификуваа 21 рачна точка (4 на секој прст и 1 на основата на дланката).
За жал, Google сè уште има потешкотии да преведува изрази на лицето, кои се составен дел на знаковниот јазик. Со цел да најде решение и да го забрза развојот, компанијата го отвора изворниот код на својата технологија за сите ентузијасти.
Поврзани артикли