Најновите протечени информации го гугерираат потенцијалниот дизајн на претстојната Sony PlayStation 5 конзола, која се очекува следната година. Сајтот LetsGoDigital го откри патентот кај бразилската INPI агенција за сертификација, а во патентот е скицата на новиот изум, кој изгледа како гејминг конзола.
Скицата е дело на Yusuhiro Ootori, техничкиот директор на компанијата Sony. Тој беше поврзуван и со претходен PlayStation хардвер. Истиот патент е регистриран и во WIPO базата на податоци, под категоријата Class 14.02, која вклучува уреду како што се “опрема за обработка на податоци и периферии.”.
Самиот дизајн на уредот изгледа како гејминг PC, што е интересено, со оглед на претходните информации за процесорската сила на конзолата. Присутни се неколку слотови за одведување на топлината, додека за капакот во V облик во средината многумина сметаат дека претставува знак дека во прашање е петттата PlayStation конзола во линијата. Присутни се и неколку портови од предната страна, како и отвор за уфрлање дискови.