Новите iPhone 11 уреди можеби ќе пристигнат со USB Type-C порт

Веќе долго кружат гласини дека годинашните iPhone уреди што Apple ќе ги претстави во септември ќе го заменат Lightning приклучокот со USB Type-C порт (по примерот на iPad Pro моделите).

Една од можните предности на USB Type-C приклучокот е и брзото полнење на батеријата (актуелните iPhone модели се испорачуваат со Lightning полнач од 5 W).

Новата гласина од Twitter која ја објави дојавувачот под името ChargerLAB, а се базира на неименуван извор од самото седиште на компанијата во Купертино, ја потврдува информацијата за USB Type-C приклучок и наведува дека со новите iPhone 11 уреди, во кутијата ќе се најде и USB Type-C полнач.

Сепак, можно е дека компанијата од Купертино ќе се одлучи на комбинацијата на кабли, каде што на годинашните iPhone модели и натаму се наоѓа Lightning порт, а споменатиот USB Type-C приклучок се наоѓа од другата страна на кабелот. Новите iPhone модели ќе бидат претставени следниот месец, најверојатно на 10. септември.