Повеќе од 550 отворени позиции во Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина се сѐ уште достапни на првиот онлајн саем за вработување во земјава кој го организира порталот Vrabotuvanje.com.mk во соработка со своите партнерски портали од регионот.

Со еден клик на www.denovizavrabotuvanje.mkучествувајте на виртуелниот саем “Виртуелни денови за вработување 2019“ кој се одржува од 16-ти до 23-ти октомври и истиот е достапен од вашиот телефон, таблет или компјутер.

На саемот ве чекаат голем број понуди за вработување во најголемите компании од земјава и регионот, а освен тоа имате можност да станете потенцијален добитник на iPhone X, Lenovo лаптоп, електричен тротинет или спортски часовник доколку го дадете најкреативниот одговор на прашањето “Во какви компании вработените не го мразат понеделник?“.

Покрај можноста да аплицирате на огласи, на виртуелните штандови може да разговарате со претставник од компанија, да прочитате за искуствата на вработените и да се запознаете со бенефициите кои ги нудат самите компании.

Саемот досега го посетија преку 30.000 посетители!

Па доколку сте во потрага по нова работа или прво работно искуство побрзајте и посетете ја веб страницата www.denovizavrabotuvanje.mkбидејќи саемот е отворен уште само 3 дена!

(ПР текст)