Facebook во март оваа година овозможи Dark Mode за својата Messenger апликација, а сега истата опција ќе биде достапна и за Android апликацијата за социјалната мрежа.
Социјалната мрежа веќе започна да работи на Dark Mode за Watch, но Џејн Вонг – која претходно откри некои функции во развојот на Facebook и Instagram – посочува дека компанијата започнала со спроведување на очекуваната функција и на својата главна апликација.
People will start seeing some of these updates in the Facebook app right away, and the new desktop site will come in the next few months. pic.twitter.com/AQcNZPN1jW
— Facebook (@Facebook) April 30, 2019
Facebook сè уште го усовршува Dark Mode за својата главна апликација и се очекува да потрае доста време додека функцијата не биде достапна за јавноста во последната форма.