Samsung и Xiaomi го претставија првиот сензор за камера за мобилни телефони што е над 100 MP резолуција. Новиот ISOCELL Bright HMX достигнува цели 108 MP, пренесува GizmoChina. Ова не е прв проект помеѓу двете компании, кои го развија и сензорот ISOCELL GW1, кој има 64MP резолуција.
Новиот Bright HMX ќе биде истиот тип на сензор од 0,8um, но со уште поголема површина – 1 / 1,33-инчи, кој е направен за прв пат на мобилен телефон. Поголем сензор значи дека повеќе светлина стигнува до него, што го прави погоден за фотографирање и слаба осветленост. Технологиите Tetracell и ISOCELL Plus на Samsung, се користат и за генерирање на светли фотографии од 27 MP. Сензорот исто така поддржува снимање на видео во 6K резолуција 6016×3384 пиксели на 30fps.
Кога снимате со максимална резолуција од 108MP, кадрите ќе бидат со резолуција од 12032×9024. Како што се очекуваше, Xiaomi ќе биде првата компанија што ќе го користи сензорот во својот телефон. Најверојатно тоа ќе биде Mi Mix 4, но сè уште нема официјална потврда од Xiaomi.