Научници создадоа прва вотка со производи што се одгледуваат во целост во ограничената област околу нуклеарната централа во Чернобил. Пијалокот од ‘рж и вода е дестилиран од британски и украински научници, во соработка со бројни агрономи.
Вотката е наречена „Atomik“ и не е радиоактивна. „Ние го тестиравме пијалокот во две од најдобрите лаборатории во светот и не најдовме ништо негативно. Вотката не е повеќе радиоактивна од која било друга вотка”, објаснува професорот Џим Смит.
Според украинскиот агроном д-р Генадиј Лаптев, извлекувањето на чиста вотка докажува дека земјата околу Чернобил се обновила и може повторно да се обработува. Досега, научниците произведоа само едно шише вотка „Atomik“, но тимот се надева дека пијалокот ќе се продаде добро, а средствата ќе одат за да им помогнат на украинските општини, кои сè уште не можат да закрепнат економски откако се распадна нуклеарната централа во 1986 година.