Компанијата Xiaomi планира да лансира на пазарот смартфон со камера од 108 мегапиксели.
Xiaomi на својот профил на социјалната мрежа Weibo соопшти дека соработува со Samsung на развој на камера што ќе снима фотографии со резолуција од 12.032×9.024 пиксели.
Точен датум кога ќе биде претставен смартфонот со камера од 108 мегапиксели засега нема, а во промотивните материјали на Xiaomi пишува: „See You Later“ („Се гледаме подоцна“). Тој смартфон најверојатно ќе биде Mi MIX 4.
Xiaomi прво ќе пласира на пазарот смартфон со 64 мегапиксели што ќе се појави на пазарот во Индија во четвртиот квартал годинава.
Тој смартфон ќе користи GW-1 сензор на Samsung со големина на пикселите од 0,8 микрони, што ќе дава фантастични фотографии од 16 мегапиксели.
Квалитетот исто така ќе го подобри технологијата Tetracell со која фотографиите од 16 мегпиксели ќе бидат посветли дури и при лоши светлосни услови.
Xiaomi не објави повеќе детали за планираната камера од 108 мегапиксели со која ќе се прават фотографии од 27 мегапиксеи што ќе може лесно да се обработуваат.
Извор: Klix.ba