За време на интервјуто за рускиот YouTube канал PRO Hi-Tech, главниот архитект на Intel и потпретседател на одделот за софтвер и графика, Раџа Кодури, зборуваше за неговата кариера, зошто тој се повлече од AMD и во каква насока оди Интел со своите планови за графичките процесори.
Една од најинтересните работи што ја спомна Кодури е во врска со претстојната GPU линија со кодно име Arctic Sound. Тој посочи дека Intel планира да го објави првиот GPU како модел од средна класа, со цена од околу 200 американски долари, а потоа ќе следуваат и enterprise модели со HBM меморија.
Кодури рече дека сака да ја спроведе стратегија за достапни цени на AMD и да им обезбеди на пошироките потрошувачо прифатлив графички процесор со добри перформанси (графички процесор за сите, како што тој ги нарекува).
Покрај тоа, тој посочи дека сегашната стратегија на Intel се заснова на цена а не на перформанси, за да им се даде на клиентите најдобра можна вредност. Пристапот на Intel во текот на следните две до три години ќе биде лансирање на сосема нова линија на графички процесори.