Intel потврди дека буџетските матични плочи H410 и B460 нема да ja поддржуваат 11. генерација на Intel Core процесори. Останатите матични плочи од Intel 400-серијата ќе ги поддржат овие процесори преку ажурирање на BIOS-от.

Информациите доаѓаат од самиот Intel, на страницата за поддршка, за да им помогне на корисниците кои можеби нема да можат да ги покренат системите со Z490 или H470 плочи, кои се спарени со претстојните Core процесори од 11. генерација На таа страница, компанијата истакнува дека H410 и B460 матичните плочи не се компатибилни со претстојните процесори.

Кога станува збор за Intel Z490 и H470 моделите, овие матични плочи ќе бараат надградба на BIOS-от за поддршка на 11. генерација Core процесори.

Објавата на Intel Core процесори од 11. генерација се очекува во текот на следниот месец, веднаш по објавата на Intel Z590 матичните плочи.