Google посочи дека над 100 милиони луѓе ја користат апликацијата Files за Android секој месец, а компанијата сега вовела некои подобрувања што ќе го олеснат користењето.
Репродукцијата на музика и видео офлајн се подобрува со додавање на контролите за прескокнување, премотување назад и забрзување на медиа-датотеки. Иако станува збор за мало ажурирање, сигурно ќе им користи на оние што работат со музика или MP4-датотеки во апликацијата Files.
Во прилог на ова, Files добива темен режим и целосно црна тема. Ова не изненадува, бидејќи Google се подготвува да ја објави верзијата Android Q, која ќе има темен режим на ниво на систем. Двете нови функции ќе бидат достапни за корисниците на Google Files во наредните денови.
Поврзани артикли