Huawei се очекува да ги лансира Mate 30 и Mate 30 Pro во есен, а телефоните треба да имаат модул со квадратна камера на задниот дел. Според @ rodent950, стандардниот модел ќе користи систем на камери од 40MP + 40MP + 8MP.
Сензорот 40MP ќе има големина од 1/1,5 “и отвор од f/1.6, но може да биде и поголем – f/1.4. Главниот сензор ќе има RYYB пиксели, како што видовме кај телефонот Huawei P30 Pro. Исто така ќе поддржува различни функции на Cine lens.
Втората 40MP камера ќе биде одговорна за ултра широки фотографии. Huawei спрема и изненадување во форма на FOV од 120 степени, додека сензорот ќе биде со големина 1/1,7”. Третата камера е телефото 8MP, а доаѓа со 5X зум.
Другите спецификации на телефонот Huawei Mate 30 вклучуваат чипсет Кирин 985, интегриран 5G модем, брзо полнење од 55W и безжично полнење од 10W. Останува да се види дали овие гласини (особено кога станува збор за камерите) ќе се остварат.