Intel официјално ги објави првите Core процесори во рамки на 10-тата генерација, со 11 модели создадени во 10nm процес. Процесорите се дизајнирани за потрошувачка под 30W и се наменети за тенки дизајни за notebook 2-во-1. Ова ќе бидат првите комерцијално достапни 10nm процесори на Intel.

Иако производите се официјално објавени, Интел посочува дека достапноста на уредите со овие чипови не се очекува пред сезоната на празници. Некои производители може да објават уреди со новите чипови пред тоа, но не во големи количини.intel2_92.jpg

Сите нови процесори го користат 10nm процес на производство на Intel, графиката Gen11 на компанијата (која поддржува VESA Adaptive Sync) и следната генерација на Sunny Cove јадрена архитектура. Кодното име на процесорот е Ice Lake. Intel дополнително потврди дека ќе има додатни производи достапни во рамките Intel Core мобилните процесори од 10-тата генерација, со преработени перформанси за посложени задачи.

Некои од поновите функции кои се поддржани од Ice Lake вклучуваат интегрирани Thunderbolt 3, WiFi 6 и поддршка за AVX 512 и AI Inference инструкции.