Alphabet е компанијата под чија капа Google функционира и сега таа за првпат успеа да го победи Apple на престижната ранг-листа. По повеќе од една деценија креаторите на iPhone и iPad не се компанијата со најмногу пари во индустријата. Во извештајот на Financial Times се открива дека Alphabat има резерви во износ од 117 милијарди долари во последниот квартал, додека резервите Apple изнесувале 102 милијарди долари.
Така, за првпат по десет години, Alphabet може да се пофали дека е компанија со најголем расположлив капитал. Исто така, треба да се напомене дека постојано има многу надворешен притисок врз Alphabet и Apple да не чуваат толку голема количина на неискористени пари.
Пред само две години, Apple имаше резерви од 167 милијарди долари, но тие започнаа да инвестираат во разни проекти и сега таа вредност се намали на 102 милијарди долари.