Линијата телефони со Android One на Motorola наскоро ќе се прошири кога официјално ќе биде претставен новиот Motorola One Action.

Сега се појавија рандери, кои се чини дека се официјални, и ја покажуваат предната страна на уредот, како и две опции за боја на задниот дел: бела и сина/зелена.

Новите промотивни фотографии прикажуваат punch-hole отвор за предната камера, на екранот од 6,3 инчи со FHD+ резолуција. Предната камера треба да има сензор од 12,6 MP. На задната страна се три камери, од кои две ќе имаат по 12,6 MP.

Телефонот ќе работи со чипсет Exynos 9609 и ќе се нуди во три RAM опции и  три опции за складирање: 3 GB/32 GB, 4GB/64GB и 4GB/128GB. Капацитетот на батеријата е 3500mAh, додека софтверот треба да биде Android 9 Pie.