Компанијата KanDao ја претстави својата нова камера со функција снимање од 360 степени, наречена QooCam 8K.

Камерата доаѓа со највисока резолуција на снимање видеа во класата џебни модели и може да снима 8K видео при 30FPS.

Исто така, може да снима во 4K при 60 или 30FPS. Тука е и опцијата за снимање во slow-motion во 4K при 120FPS.

QooCam 8K е најмала во својата класа, има 1/1,7-инчен сензор од 20MP од двете страни и 2,4-инчен OLED дисплеј со команди на допир.

Камерата ја напојува батерија од 3.600mAh со USB PD 2.0 поддршка и меморија од 64GB што може да се прошири со microSD картичка.

Камерата QooCam 8K веќе е достапна во претпродажба, по цена од околу 535 евра.

 

Извор: B92.net