Кинеската компанија Huawei година дена работела заедно со Google за развој на паметен звучник и додека неговото претставување беше закажано за почетокот на септември, проектот сепак беше откажан поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп.
Одлуката на Трамп за да ја постави Huawei на црната листа на компании со кои САД не смеат да соработуваат ги наруши плановите на кинеската компанија да развива нови производи, да го освои пазарот на мобилната телефонија и дополнително да ги зголеми своите приходи и профити.
Во Huawei, тие веќе не размислуваат за брзо преземање на лидерската позиција на глобалниот пазар на смартфони, бидејќи треба да префрлат многу ресурси за да развијат свој оперативен систем, со кој би биле независни од Android.
Поради ова, тие исто така мораа да се откажат и од развојот на нов производ, со кој сметаа дека ќе можат да ги предизвикаат Amazon, Apple и другите компании, пишува 9to5 Google.