Xiaomi го објави својот телефон за игри Black Shark 2 со чипсет Snapdragon 855 на 18 март. Сега кинеската компанија го претстави моделот Black Shark 2 Pro на кинескиот пазар, а новата варијанта на телефонот за игри доаѓа со чипсет Snapdragon 855+.
Black Shark 2 Pro има 6,39-инчен FullHD+ AMOLED дисплеј, со сензор за отпечатоци, интегриран во екранот. Екранот поддржува DC Diming 2.0 и Magic Press 2.0 со латентност на допир од 34,7 милисекунди. Чипсетот Snapdragon 855+ е поврзан со 12 GB RAM меморија. Телефонот доаѓа со 128 GB или 256 GB меморија за складирање (поддржува UFS 3.0 стандард). Оперативниот систем е Android 9 Pie, со Black Shark OS интерфејс.
На задниот дел од телефонот се наоѓа Sony IMX586 48MP f/1,75 главна камера + 13MP f/2.2 секундарен сензор. Предната камера има сензор од 20MP f/2.0. Black Shark 2 Pro се напојува со батерија од 4000mAh со поддршка за брзо полнење од 27W. Телефонот задржува 3,5 милиметарски приклучок.
Овој модел ќе излезе во продажба на 2 август во Кина, со цена од околу 435 американски долари за моделот 128 GB и околу 508 долари за верзијата од 256 GB.