Екранот UltraFine 5K на LG конечно се врати на пазарот по повеќемесно исчекување, иако можеби нема да бидете доволно воодушевени да го имате во зависност од уредот што го користите. Ажурираната верзија на мониторот од 27 инчи е компатибилна со USB-C излезот од неодамнешните iPad Pro, што го прави одлична опција доколку ви е потребен голем секундарен екран за преглед на содржини или screen mirroring. Претходниот модел беше компатибилен само со Thunderbolt.

Доколку очекувавте повеќе од тоа, ќе бидете разочарани. Инаку, скоро е идентичен со стариот UltraFine 5K со познатиот P3 опсег на бои, 500-nit осветленост и моќност од 94W преку едната Thunderbolt 3 порта или трите USB-C порти. Вградената камера и звучниците ќе ви помогнат да се фокусирате на поголем екран за време на видео разговорите.

Сличноста на двата уреда се гледа и по цената. Таа изнесува 1.300 долари преку Apple продавницата исто како и кога UltraFine 5K првпат излезе. Тој првенствено е наменет за професионалци кои инсистираат на Apple-ориентиран монитор и сакаат нешто помеѓу помалиот UltraFine 4K и екстремниот high-end Pro Display XDR. Ако само сакате екран за секојдневна продуктивност и повремениот маратон на Netflix, има и други опции.