Брајан Шен, потпретседател на компанијата Oppo, на веб-страницата Weibo прикажа телефон во кој има т.н. “Waterfall Screen.” Ова е екран со страни што скоро не се гледаат доколку го гледате од напред телефонот, и продолжуваат по рабовите.
Страните на телефонот се под агол од околу 88 степени, а тоа создава ефект што ги прави рамките од страната речиси невидливи кога се гледаат од предната страна. Со други зборови, телефонот ќе понуди изглед без рамки кога станува збор за дизајнот.
Сепак, мали рамки на врвот и на долната страна се видливи, но тие се многу тенки. Горната страна е особено тенка, што укажува на тоа дека Oppo ќе се определи за pop-up или камера што се наоѓа под дисплејот.
Поврзани артикли