Tiger Mobiles излезе со информации за два патента на компанијата Lenovo. Двата патенти укажуваат на различни варијанти на лизгачки телефон, а во механизмот се сместени системот на предни камери и сензорите.
Неименуваните телефони се чини дека припаѓаат на иста линија. На скиците, послабиот модел има две камери на задната страна и една селфи камера, што се појавува само кога телефонот е поставен во слајдер позиција.
Вториот телефон е сличен на првиот по изглед, но има повеќе камери. На задната страна има три камери, на предната се две селфи камери. Интересно е што дизајнот на кружното испакнување на камерата на задниот е јасно позајмен од Motorola. Уредот во скицата изгледа како Moto Z, но има edge-to-edge екран и формат на лизгачки телефон.
Освен овие патенти за дизајн, не постојат конкретни спецификации за споменатите телефони. Исто така, не е познато дали и кога Lenovo ќе ја претвори идејата за патент во конкретен производ што ќе биде достапен на пазарот.