Гласините дека Apple подготвува 16-инчен MacBook Pro се шират веќе некое време, а лаптопот би можел да биде објавен подоцна во текот на годината. Останува да се види дали тоа ќе се оствари, а во меѓувреме аналитичарот Минг-Чи Куо посочи дека лаптопот ќе биде пуштен во продажба.
DigiTimes, исто така, се вмеша во приказната, и во својот извештај ги поддржа предвидувањата на Куо и „потврди“ дека 16-инчниот MacBook Pro доаѓа во септември, и ќе има потенки рамки што ќе му овозможат на лаптопот да го задржи форматот слично на 15-инчниот MacBook Pro.
Се разбира, нема потреба да се истакне дека овој лаптоп модел нема да биде евтин, а некои претходни извештаи сугерираа почетна цена од дури 3000 американски долари. Сите горенаведени информации треба да бидат земени со резерва, бидејќи Apple не потврдил ниту една од нив.