JLR ќе се фокусира на развој и истражување во областа на електричните погонски системи.
Минатиот месец, BMW и Jaguar Land Rover најавија ново партнерство кое ќе се фокусира на заедничкиот развој на следната генерација електрични погонски единици, вклучувајќи електромотори, трансмисија и електроника.
„Заедничкиот тим на BMW Group и експерти од JLR, кој се наоѓа во Минхен, има задача да продолжи со развојот на погон од петтата генерација“.
Се покажа дека партнерството може дополнително да се прошири на бензински, дизелски и хибридни погонски системи.
Според најновите извештаи, британскиот производител би можел да започне со користење на мотори со внатрешно согорување на BMW за нивните идни модели, без разлика дали тие се електрифицирани или не. Овој потег ќе му овозможи на JLR да ја намали својата инвестиција во SUS мотори и наместо тоа својот буџет да го фокусира на истражување и развој на електрични погонски единици заедно со BMW.
Во моментов, овие информации не се официјално потврдени и не е познато кои мотори ќе ги користи JLR и во кои модели. Според гласините, обновениот F-Type би можел да биде првиот модел што ќе се префрли на агрегатите на BMW, односно 4.4-литарскиот V8 twin-turbo. Од друга страна пак, британскиот производител нагласува дека нема намера да ги замени своите 4-цилиндерски и 6-цилиндерски мотори Ingenium бензинци и дизели.
Извор: Додај Гас