Флексибилниот уред на компанијата Samsung наречен Galaxy Fold е подготвен за продажба, откако беше решен проблемот со неговиот свитлив и склоплив екран.
Продажбата на Galaxy Fold требаше да почне во април, но беше одложена бидејќи имаше проблем со екранот. Следеа подобрувања на уредот вреден 2.000 долари што ќе биде достапен само на одбрани пазари.
Компанијата планираше да го лансира смартфонот со екран на преклоп пред ривалите, а сега е познато дека тоа ќе се случи во септември.
Samsung#GalaxyFold ready for launch starting from September. Find out more: https://t.co/9eIVHLeyHy pic.twitter.com/kDW8DnpE42
— Samsung US Newsroom (@SamsungNewsUS) July 25, 2019
Подобрувањата вклучуваат продолжување на заштитниот слој за да биде јасно дека не смее да се отстранува. Едно објаснување за настанатите проблеми беше дека некои корисници ја отстранија фолијата мислејќи дека се работи за стандарден заштитен слој што вообичаено се трга по купувањето на телефонот.
Овој проблем предизвика мало кочење на плановите на Samsung, компанија која се соочува со ривали во полето на иновацијата, во кои спаѓа и кинески Huawei кој исто така го одложи лансирањето на својот свитлив смартфон за да направи повеќе тестирања.
Xiaomi годинава го претстави прототипот за склоплив свитлив смартфон што се трансформира во таблет.
Извор: Klix.ba