Зошто да не спиете покрај телефон што се полни?

Ако пред спиење вообичаено го оставате телефонот да се полни на дофат на раката, продолжете да го читате овој текст. Цената на таквата навика може да биде многу висока.

Самото спиење покрај телефон е лошо затоа што уредот зрачи. Многу пати е докажано дека држењето на телефонот во близина може да има негативни последици врз здравјето. Но ако го држите до себе кога се полни, тогаш е уште поопасно.

Истражувањата покажуваат дека 53 проценти од децата и тинејџерите ги полнат своите телефони и други уреди под перница. Ова е толку опасно што е можно перницата и креветот да се запалат, а во опасност се доведува и целиот дом.

Затоа, најдобро е да купувате полначи од оригиналниот произведувач и извадете ја маската од телефонот.