Microsoft одамна премина од Internet Explorer на Edge браузерот заснован на Chromium. Меѓутоа, во корпоративно опкружување, многуте веб апликации се напишани така да работат исклучиво со Internet Explorer. Тоа претставува проблем, бидејќи корисниците често мораат од еден прегледник да се префрлаат на друг за да ја завршат работата. Во иднина тоа ќе биде решено така што во рамките на Edge ќе се наоѓа и имплементиран Internet Explorer мод.
Засега оваа функција е достапна само во новиот Edge Dev build. Идејата е доколку апсолутно е неопходен Internet Explorer за работа, корисникот да не мора да отвора нов браузер, туку само да го вклучи Internet Explorer режимот во Edge. Администраторите во компанијата ќе бидат во можност и да креираат листа на сајтови, кои бараат исклучиво IE, врз основа на кој Edge автоматски ќе го вклучува тој мод, кога за тоа ќе има потреба. Ова издание на Edge, исто така, донесува и други функции како што се поддршка за групни полиси, постриктни безбедносни процедури, синхронизација на податоци…