Според сајтот LetsGoDigital, LG поднесе четири патент апликации кон KIPRIS за идните паметни телефони G-G10, G20, G30 и G40.

Апликациите се поднесени на 7 јули и може да укажуваат на можна промена во нумерирањето на паметните телефони во серијата, која може да ја користат шемата од линијата V. Претходно сличен потег беше направен и со серијата К.

Според холандската страница, корејците веројатно ќе ги презентираат своите нови модели околу февруари следната година.