Volkswagen развил нов мануелен менувач кој треба да биде поефикасен од кога и да е, а за прв пат ќе се користи во Passat, пишува изданието Auto Express

И покрај фактот дека новите истражувања се фокусирани на нови технологии и електрични автомобили, Volkswagen работи на подобрување на рачниот менувач. Многу производители се фокусираат на електрификацијата, но за разлика од VW, тие не сакаат да ја игнорираат сегашната технологија во Volkswagen, бидејќи рачниот менувач се уште е дел од опремата на многу автомобили низ светот.

Новиот менувач се нарекува MQ281, треба да ја подобри ефикасноста и да ги намали емисиите на штетни гасови, а ќе биде компатибилен со широк спектар на бензински и дизел мотори.

Во општество кое станува се посвесно за животната средина (зашто ли само не ми паѓа на памет едно име…), автомобилите со електричен погон се почесто се изборот за многу возачи. Плановите на владите во светот имаат за цел да го намалат бројот на автомобили на фосилни горива на патиштата, а емисијата на штетни гасови значително влијае врз производителите на автомобили кои треба да се придржуваат кон новите закони. Затоа, овој потег на Volkswagen е логичен, со оглед на тоа што ефикасноста на новиот менувач во голема мера ќе придонесе за намалување на емисиите на штетни гасови, а фановите на рачниот менувач сеуште ќе можат да уживаат во менувањето брзини.

Новиот менувач ќе се произведува во Шпанија и Аргентина. Прв модел кој ќе го добие е новиот Passat , а во Volkswagen  додаваат дека новата технологија ќе се примени на голем број модели во гамата на производителот.

Извор: Додај Гас