Пред извесно време на интернет се појави снимка од магистрала во Калифорнија каде што, се чини, прототип на електрокамионот на компанијата Tesla – „семи“ се движи без возач зад воланот.
Можно е, сепак, тој впечаток да е резултат на случаен одраз во предното стакло, кој создал оптичка илузија. Всушност, возачот најверојатно си е на место.
Доколку, сепак, од Tesla на автопатот извадиле самоуправувачки камион без возач, тоа би значело сериозни проблеми за компанијата, во смисла на казни и можна забрана за патни тестови на самоуправувачките системи.