Експертите откриваат за кои намирници погрешно веруваме дека се здрави.

Лошата, нездрава исхрана, со текот на времето го уништува здравјето и доведува до бројни болести. Сè поголем број од луѓето тоа го разбираат и се обидуваат да се хранат здраво, но проблемот е во тоа што некои намирници за кои мислиме дека се здрави, всушност не се.

Експертите откриваат кои „здрави“ намирници всушност се поштетни од цигарите.

Цедени овошни сокови

Овошјето е важен дел од здравата исхрана, а луѓето сметаат дека пиењето на овошни сокови е уште еден начин на кој ќе ги внесат витамините. Меѓутоа, кога овошјето ќе го исцедите, се губи поголем дел од неговите здрави состојки, како растителни влакна кои имаат важна улога во превенција на дијабетес, срцеви болести и гојазност.

Да не споменуваме колку се само штетни купените овошни сокови кои содржат и голема количина на шеќер. Значи, препорака е да јадете овошје, а да не го внесувате во течна форма.

Чоколатца од мусли

Иако овие чоколатца се богати со нутриенти, некои од нив содржат голема количина шеќери, меѓу 15 и 30 грама. Тие сами по себе не се лоши, но треба да обрнете внимание на содржината на шеќер. Експертите велат дека идеалната чоколада треба да има барем три грама растителни влакна, пет грама протеини и помалку од десет грама шеќер.

Намирници со намалени масти

Многумина ги купуваат поради тоа што сакаат да внесат помала количина на масти, но тоа на што нутриционистите предупредуваат е дека произведувачите ги заменуваат здравите масти со шеќери и други додатоци кои го подобруваат вкусот на самата намирница.

Овесни снегулки

Овесните снегулки се едноставно решение за здрав и хранлив појадок. Меѓутоа, кога станува збор за купувањето на овесните снегулки, тие вообичаено имаат рефинирани житарици во себе со што се губи значајната количина на растителни влакна и хранливи нутриенти.