По долг период, кога PC пазарот бележеше пад на продажбата, полека почнува да се забележува опоравување и нов раст на пазарот. Според наводуте на аналитичките компании Gartner и IDC, ваквиот развој на ситуацијата во многу се припишува на преминот од Windows 7 на Windows 10, како и на тоа дека Intel е во состојба подобро да им одговори на пазарните барања кога се во прашање процесорите.
Бизнис корисниците воглавно ги мигрирале PC уредите на Windows 10, благодарение на најавениот престанот на поддршката за Windows 7. Интересно е дека растот се забележува во десктоп, а не во лаптоп сегментот. Оставрен е пораст од 1,5 проценти според анализите на Gartner и оди до 4,7 проценти според статистиката на IDC.
Двете аналитичлки компании сугерираат и дека трговстака војна помеѓу САД и Кина не влијаела на PC пазарот во текот на второто тримесечје на 2019. година, но дека следната фаза на тарифи би можела да има позначително влијание. Поголем дел од лаптопите и таблетите моментно се произведуваат во Кина, а цената на овие уреди во САД би можела да претрпи значајно зголемување, доколку се воведат казнени тарифи и производителите не бидат брзи во одговорот на ваквиот потег.