Во Британија снимена џиновска медуза, голема колку човек (ВИДЕО)

Џиновска медуза била забележана во близина на брегот на англискиот округ Корнвол, објави Би-би-си.

Нуркачите од организацијата Wild Ocean Week на 13 јули снимиле огромна медуза под назив морски белодроб (Rhizostoma pulmo) за време на експедиција во близина на брегот на градот Фалмут. Биологот Лизи Дели изјави дека ова необично суштество во водата било долго исто колку нејзиното тело.

Морскиот белодроб е најголемиот вид на медуза во британските води, со просечен дијаметар на телото од околу 40 сантиметри.