Нов ресторан отворен во Њу Џерси користи роботи за правење пици и може да испорача голема нарачка за краток временски период.

Станува збор за ресторан наречен PizzaHQ, кој бизнисот го засновал на машини. Лоциран во паркот Woodland, го користи Picnic системот за да направи до 300 пици за само еден час.

Овие роботи се идеални за нарачки кои доаѓаат за организирање забави и слично.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PizzaHQ (@pizzahq_)

Роботите автоматски ставаат сос, сирење и различни состојки на пицата во зависност од нарачките, а ресторанот PizzaHQ инвестирал и во други машини кои го подготвуваат тестото, ја печат и сечат пицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PizzaHQ (@pizzahq_)

За помалку од една минута пицата е готова за рерна, а процесот на печење трае седум минути. Во рерната може да се сместат неколку пици одеднаш, а откако ќе се испечат, персоналот ги префрла на сечење, а потоа и во кутии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PizzaHQ (@pizzahq_)

Сè уште се потребни луѓе за да се префрлат пиците од машина на машина, но употребата на роботи му овозможува на ресторанот да ослободи повеќе вработени и да ги пренасочи кон испорака.

Оние кои ја пробале пицата „направена од роботи“ велат дека е одлична.