Facebook им олеснува на корисниците подобро да ги сфатат рекламите што им се претставени.

Социјалната мрежа објави подобрување во корисничкото искуство со рекламите, што прикажува повеќе информации за целните реклами на платформата, а на корисниците им дава повеќе опции за контрола на тие реклами.

Се чини дека подобрувањата се директно проширување на функции воведени пред неколку месеци. Тогаш компанијата почна да ги запознава корисниците со некои информации за тоа како одредени реклами поставуваат цели.

Сега овие информации ќе бидат подетални, вклучувајќи и какви интереси на Facebook ве довеле до одредени реклами или веб-страници што можеби сте ги посетиле.

Покрај претставувањето на споменатите информации, Facebook ќе овозможи и пристап до алатки што овозможуваат контрола на начинот на кој овие информации се користат, а ќе им овозможи на корисниците да ги приспособат своите интереси за да добиваат порелевантни реклами.

Facebook не е позната како компанија што има почит кон корисниците и јавноста кога станува збор за приватноста, така што постојат екстензии посебно дизајнирани да спречат можност за следење од страна на сервисите. Новите функции на Facebook се мал чекор, но можат да ѝ помогнат на социјалната мрежа да врати барем дел од довербата на јавноста.

Извор: B92.net