HMD Global тестира неколку нови Android уреди, кои што ги очекуваме во наредните месеци. Предмет на повеќе шпекулации во последниве недели е моделот кој се развива со кодното име „Daredevil“. Веќе ве информиравме дека Nokia развива паметен телефон со задна камера од 48 мегапиксели и „waterdrop“ дизајн. Новите информации објавени на GSM Arena откриваат дека „Daredevil“ всушност ќе се продава како Nokia 5.2.
Наследникот на Nokia 5.1 ќе понуди голем број на премиум функции за да се разликува од другите Android уреди од средна класа. Компанијата сака да обезбеди повеќе функции од најскапиот сегмент, но по поволна цена. На овој начин се надеваат дека ќе предизвикаат интерес на повеќе корисници кон Nokia 5.2. На пример, уредот ќе биде опремен со Zeiss оптика, која досега беше функција само кај топ-моделите на Nokia.
Другите иновации на Nokia 5.2 ќе вклучуваат подобар дисплеј со PureDisplay технологија, како и поддршка за аудио технологијата на OZO. Смартфонот ќе работи на Qualcomm Snapdragon 660 процесорот, а батеријата ќе биде со 3500mAh. Екранот ќе поддржува Full HD+ резолуција, а оперативниот систем најверојатно ќе биде Android One.