Во последниот Google Camera build веќе слушнавме за таканаречениот McFly Mode, но судејќи според се, апликацијата би можела да крие и некои детали за Pixel 4 телефонот.
Тимот на XDA-Developers ја истражи 6.3 верзијата на Google Camera апликацијата и откри детали кои укажуваат на трлефото камерата на задната страна. Пронајден е и фајл со ознака “SABRE_UNZOOMED_TELEPHOTO”, а истакнато е дека Sabre е интерно име на Google за Super Res Zoom функција. Сајтот, исто така, истакнува дека овие функции не биле достапни во претходната верзија на апликацијата.
Телефото камерата не задната страна во теорија би требало да овозможи подобар квалитет на зумирање во споредба со Super Res Zoom и дигитално зумирање. Меѓутоа, можно е дека Google ќе тргне по стапките на компанијата Huawei, користејќи телефото камера и супер резолуција, за да оствари подобри резултати, кои го надминуваат она пто го нуди изворното телефото зумирање.
Поврзани артикли