Воените сателити на НАТО не се доволно заштитени и доколку хакерите успеат да упаднат во нивните компјутерски системи можат да предизвикаат сериозни проблеми.
Клучна улога во идните војни би можеле да имаат хакерите кои илјадници километри оддалечени од бојното поле на кое што луѓето ги губат своите животи, со глувче и тастатура би можеле да извојуваат победи на клучното боиште – кибернетичкото.
Има бројни начини на кои хакерите би можеле да ѝ помогнат на една армија, од шпионажа на непријателите, прекин на нивната комуникација, па до напади на клучна инфраструктура како електраните, фабриките и слично.
Од британскиот Кралски институт за меѓународни односи предупредуваат на пропусти во комуникациските и навигациските сателити кои се користат во НАТО Алијансата. Со искористувањето на тие пропусти, хакерите би можеле да ја саботираат комуникацијата на армиите, но и да ги пореметат автоматските системи за заштита од проектили.
Исто така, една од можностите е и создавање на лажни GPS сигнали и така да прикажат лажни позиции на авионите, бродовите и другите воени единици.
Информацијата за ранливоста на воените сателити е опасна со оглед на тоа што војските имаат голема зависност од сателитите на пример во навигацијата. Поради критичната зависност од воените сателити, ранливоста на сателитите е исклучително загрижувачка и претставува реална опасност, пренесува “MIT Technology Review”.
Како едно од решенијата на кои земјите членки на НАТО мора итно да поработат е зголемување на нивната безбедност со надградба на софтверот, а исто така потребна е и интероперабилност со сателитите на другите држави, за во случај сателит на одредена земја кога ќе биде онеспособен, таа земја да може да ги користи сателитите на другите земји сојузнички.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли