Skyport во Santa Clara ја претстави визијата на архитектонската фирма Foster + Partners за идната воздухопловна база за нови летала кои ќе превезуваат патници на подрачјето на заливот Сан Франциско.

Почнувајќи од 2016. година Uber Elevate соработувал со државни органи и компании за да развие прва воздухопловна мрежа со сигурни и тивки електрични Uber Air возила. Оваа иновативна компанија со која веќе се вози пола Америка, планира со своите нови воздушни летала да превезува десетици илјади луѓе меѓу градовите и тоа по многу пристапни цени.

Santa Clara Skyport, чија изградба се планира на локација која е во сопственост на Related, партнерот на Uber, замислена е како како главна сообраќајна артерија. Планирано е во ист време да можат да се полнат пет летала, а подрачјата за слетување и полетување се одвоени од оваа зона.

Проектот го потпишува Норман Фостер, кој ја осмислил оваа база како еден аеродром. Она што може да се види на рендерите е современа челична конструкциј со аморфна форма и проѕирна структура.

Извор: Порта 3