Вселенскиот телескоп пронајде егзопланета, која е помала од Земјата за 20 проценти.
TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) продолжува да открива мали планети надвор од Сончевиот систем. Најново откритие е планета со ознака L 98-59b, која е за 20 проценти помала од Земјата.
Планетата се наоѓа на оддалеченост од 34,6 светлосни години од нас и се наоѓа во таканаречената “зона на Венера”, што значи дека поради големиот ефект на стакленички плинови и површинска температура од 300 степени целзиусови би требало да биде целосно непогодна за живот, како што можете да видите во ова видео.
Извор: Vidi.hr