Автомобилската механика, посебно механичките системи, можеби делуваат како да се плод на црна магија, но се работи за прилично рудиментирана технологија, која значајно е унапредена во последните децении.

Екипата на YouTube каналот MasterMilo 82 ја интересираше што ќе се случи кога работите ќе станат поекстремни, на пример што ќе се случи ако го уфрлите менувачот во рикверц при брзина од 100 км/ч?

За овој тест, користеа стара Opel Astra, а одговорот на прашањето е – ништо. Менувачот ја одби заповетта. Се обидоа уште неколу пати поагресивно, а менувачот успешно префрли во степен за рикверц при брзини од 20, 35 и 50 км/ч, додека на 70 км/ч моторот се изгаси.

Целиот процес беше пропратен со непријатни звуци и мириси.

Можеби ќе останете разочарани, но вториот дел од видеото објаснува како функционира рачниот менувач и зошто никогаш не треба несмасно да менувате брзини.

Извор: TPortal.hr