Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека се уште нема да ја симне кинеската телекомуникациска компанија Huawei од трговската црна листа.
Трамп, меѓутоа, додаде дека ќе им дозволи на американските компании да му продаваат компоненти на Huawei.
Судбината на компанијата Huawei стана централна тема во трговската војна помеѓу САД и Кина.
Доналд Трамп на самитот G20 во Осака објави дека преговорите на двете страни ќе продолжат.
Претседателот на САД, сепак, истакна дека за компанијата Huawe ќе се одлучува дури на крајот на трговските разговори.
Тој наведе и дека финансиската дирекорка на компанијата Huawei, Менг Вангжу, која Канада ја уапси на барање на САД, не била тема на денешниот состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг.